УТРО.мк

Тензии околу Ормутскиот теснец: Трошоците за транспорт на нафта и гас достигнаа рекордни нивоа

Тензии околу Ормутскиот теснец: Трошоците за транспорт на нафта и гас достигнаа рекордни нивоа
Vero

Енергетските пазари повторно се најдоа во турбулентна зона откако тензиите меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран драматично ескалираа, а Техеран испрати заканувачки сигнали дека би можел да го блокира виталниот Ормутски теснец. Станува збор за една од најчувствителните артерии на светската економија – коридор низ кој секојдневно минува околу 20 проценти од глобалната потрошувачка на нафта, како и значителни количини течен природен гас.

Веќе се чувствуваат првите последици. Осигурителните премии растат, бродските компании ги зголемуваат тарифите, а трговците калкулираат со ризик од подолготраен прекин. По серијата напади врз танкери во регионот, сообраќајот низ теснецот е сериозно нарушен, што дополнително ја подгрева паниката на берзите. Цената на суровата нафта Брент во рок од неколку дена скокна за речиси 10 проценти, додека европските пазари на гас реагираа со нагло поскапување.

Најсилен удар засега трпат превозниците. Дневниот наем на супертанкерите од класата VLCC, способни да пренесат околу два милиони барели нафта од Блискиот Исток кон азиските рафинерии, експлодираше на повеќе од 420.000 долари – историски максимум и речиси двојно повисоко ниво од само неколку дена претходно. Тоа е јасен сигнал дека ризикот станува прескап.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран