
Минатата вечер полицијата регистрира серија на прекршоци што сериозно го загрозуваат сообраќајот. Девет возачи беа лишени од слобода поради управување возило без возачка дозвола, возење на нерегистрирани возила, под дејство на алкохол, како и поради непочитување на изречена забрана за управување возило.
Најголемиот дел од приведените, шест лица, биле фатени како управуваат без важечка возачка дозвола. Во Неготино двајца возачи се затекнати во прекршок, од кои еден е малолетник, додека по еден случај биле регистрирани во Тетово, Кочани, Гевгелија и Скопје (исто така малолетник). Во Кавадарци, еден возач се обидел да управува нерегистрирано возило без дозвола. Во Велес, еден возач бил затекнат под дејство на алкохол, а во Кочани друг возач управувал возило и покрај активна забрана за тоа.
Полицијата најавува дека по комплетирање на сите документи, ќе следуваат соодветни кривични пријави против сите сторители.























