УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска: Структурно силен раст – речиси сите сектори бележат напредок

Димитриеска-Кочоска: Структурно силен раст – речиси сите сектори бележат напредок
Vero

Растот на економијата во 2025 година е најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да се креираат и да остваруваат резултати, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, осврнувајќи се на најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика, пренесува МИА.

Кочоска на прес-конференција напомена дека БДП во четвртиот квартал од 2025-та забележал раст од 3,5 проценти што е потврда, како што рече, за позитивните економски движења во земјата и покажува континуитет во остварување позитивни резултати кои шест квартали по ред го задржуваат ова темпо и создаваат услови за постигнување повисоки стапки на раст.

Значајно е, дополни, што растот се надоврзува на високиот раст од 4,3 отсто во истиот квартал минатата година.

-Споредено со државите од регионот и ЕУ, Македонија повторно е меѓу земјите со највисок раст. За четвртиот квартал 2025-та, повисок раст е забележан само на Малта, во Кипар и Полска. Ако споредуваме со земјите во регионот, растот во Србија изнесува 2,2 процента, во Хрватска 3,6, во Бугарија 3, во Словенија 2 отсто. Кумулативно, реалниот раст во 2025 година достигна 3,5 отсто што е  во линија со проекциите на МФ, а номиналниот раст е нешто повисок од очекуваниот, што е потврда за внимателноста и сериозниот пристап при  планирање и водење на фискалната политика. Буџетскиот дефицит за 2025 година е во рамки на очекуваното, 4 отсто од БДП, а кај јавниот долг има намалување и изнесува 59,3 отсто од БДП – потенцира министерката.

Според неа, растот не економската активност во четвртиот квартал е на широка основа, при што речиси сите сектори забележаа раст.

-Силната динамика во градежништвото продолжи со раст од 14,6 проценти, а тоа се должи на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5 отсто во четвртиот квартал. Ова е уште една потврда дека силната посветеност на Владата на реализација на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика и услови за градба, придонесе за динамизирање на еконосмката активност. Висок раст од 8,1 отсто е забележан кај стручни и научни дејности, трговијата и транспортот бележат раст од 4,4 отсто, преработувачка индустрија 3,6 отсто,… Земјоделството забележа благо намалување од 0,4 отсто – истакна Димитриеска-Кочоска.

Особено охрабрува, оцени министерката, високиот раст на извозот на стоки и услуги од 9,7 проценти шти упатува на натамошно закрепнување на извозната активност, почната од почетокот на годината, по намалувањето во изминатите години.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран