УТРО.мк

Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје

Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје
Vero

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција откри детали за трагичниот настан од вчера, кога од балкон скокнаа Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја.

Според министерот, пред трагичниот пад, на 2 март 2026 година, имало претходен настан поврзан со расправија меѓу Ивана и нејзиниот сопруг, Стојанче Јовановски. „По приемот на пријавата полициски службеници биле упатени на лице место, каде што Ивана изјавила дека нема физички контакт и дека проблемот бил решен по мирен пат. Таа не барала понатамошна интервенција од полицијата и посочила дека брачните односи ќе ги решава преку разводна постапка“, истакна Тошковски.

Министерот додаде дека Ивана се потпишала на службената белешка, по што заминала кон својот стан на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 10/96. Во 14:10 часот, случаен минувач пријавил дека жена со дете паднале од балкон, што резултирало со трагична смрт на Ивана и нејзината ќерка.

Стојанче Јовановски веднаш по настанот бил лишен од слобода по усна наредба и сега се наоѓа во полициска станица, каде што се врши целосно документирање на случајот. „Против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, додаде министерот.

Тошковски потенцираше дека Јовановски има досие со 10 претходни кривични пријави од областа на насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. „Во декември 2025 година, по лишување од слобода за трговија со дрога, кај него биле пронајдени 20 паковки со дрога и отпочната е брза постапка“, додаде министерот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран