УТРО.мк

Стојаноски: Измените на Законот за минерални суровини не ја загрозуваат животната средина, туку ја зајакнуваат државната контрола

Стојаноски: Измените на Законот за минерални суровини не ја загрозуваат животната средина, туку ја зајакнуваат државната контрола
Vero

Пратеникот Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција изјави дека предложените измени на Законот за минерални суровини не претставуваат никаква закана за животната средина, туку напротив – воведуваат поголема институционална контрола и појасни процедури.

Тој нагласи дека во јавноста се појавиле неточни толкувања и шпекулации за содржината на измените, поради што е потребно нивно прецизно и транспарентно објаснување. Според него, станува збор за ограничени и таргетирани измени кои се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија и минерални суровини од стратешки и енергетски интерес.

Како клучна новина, Стојаноски посочи дека се воведува дополнителна улога на Владата во постапките за доделување концесии за детални геолошки истражувања, со што се зголемува нивото на државна контрола и одговорност. Тој истакна дека ова не претставува либерализација, туку засилување на институционалниот надзор.

Во делот на експропријацијата, пратеникот појасни дека таа не е нов механизам, туку постоечка законска процедура, а измените само овозможуваат подобра координација во случаи на проекти од јавен интерес. Според него, имотно-правните односи не се укинуваат, туку се усогласуваат со постапките за реализација на стратешки проекти.

Стојаноски потенцираше дека со измените не се намалуваат еколошките стандарди, ниту се укинуваат обврските за студии за влијание врз животната средина, инспекциски надзор или управување со отпад и води.

Тој додаде дека измените се насочени кон надминување на административни пречки кои досега ја забавувале реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор, без притоа да се намалуваат заштитните механизми.

„Сите постојни стандарди за заштита остануваат на сила. Станува збор за поефикасни процедури, а не за намалување на критериумите“, рече Стојаноски.

Според него, минералните суровини се добро од општ интерес и сопственост на државата, при што измените се однесуваат на ресурси од клучно значење за енергетската стабилност и развојните проекти.

Тој категорично отфрли дека се создава простор за неконтролирано доделување концесии, нагласувајќи дека државната улога се зајакнува преку поголема координација и одлучување на највисоко ниво.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран