УТРО.мк

Николоски: Блокади од сопственици на дивоградби можат да ја чинат државата до 100 милиони евра за автопатот Прилеп-Битола

Николоски: Блокади од сопственици на дивоградби можат да ја чинат државата до 100 милиони евра за автопатот Прилеп-Битола
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се соочува со сериозна опструкција од страна на десетина сопственици на дивоизградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп.

Според него, блокадите доаѓаат од лица кои не дозволуваат пристап до локации каде што треба да се обезбеди градежен материјал за изградба на трасата, што веќе создава дополнителни трошоци за државата.

„Станува збор за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Не дозволуваат пристап до наоѓалиштата иако во соседство има локации што се користат за истата намена“, изјави Николоски.

Тој предупреди дека штетата по државниот буџет може да достигне и до 100 милиони евра, бидејќи, како што рече, државата е принудена да набавува материјал од приватни каменоломи и да плаќа дополнителен транспорт.

„Кога ќе ја пресметате цената на материјалот и транспортот, може да стигне до 100 милиони евра кои можеме да ги вложиме во развој на целиот регион, а наместо тоа тие средства ќе завршат во приватни џебови“, рече тој.

Николоски оцени дека зад ваквите блокади можеби стојат бизнис или политички интереси, но нагласи дека очекува ситуацијата да се надмине во најбрз можен рок и да продолжат градежните активности на терен.

Автопатот Прилеп-Битола е еден од клучните инфраструктурни проекти во регионот, кој според најавите делумно ќе биде ставен во функција до следната пролет, а целосното завршување се очекува до 2029 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран