
Кога просечниот граѓанин ќе помисли на подземен рудник, сликата е секогаш иста: темни хоризонти, тешки машини кои испуштаат црн дим од дизел гориво, рудари покриени со прашина и постојана изложеност на опасности од уривање. Но, доколку отпатувате на самиот север на Шведска, во пределите на Лапонија, рударскиот комплекс „Кируна“ комплетно ќе ја збрише оваа застарена претстава.
Со подземна мрежа на патишта долга стотици километри која се спушта на неверојатни 1.365 метри под површината на земјата, „Кируна“ не е само најголемиот подземен рудник за железо во светот и е технолошката Мека на светската рударска индустрија. Управуван од шведската државна компанија LKAB, овој рудник моментално служи како глобален тест-полигон за револуционерни технолошки иновации кои покажуваат како ќе изгледа рударството во следните неколку децении.























