
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР до Обвинителство- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот А.Љ., на работно место раководител на смена во ПС за ГП Јажинце при РЦ Кривична пријава против полициски раководител на ГП Јажинце за злоупотреба на службената положба за ГР Север, на 27.06.2026 одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола (ОВККИПС) против А.Љ. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.























