УТРО.мк

Хрватски и германски ловци кренати по тревога во патнички авион

Хрватски и германски ловци кренати по тревога во патнички авион
Vero

Патнички авион на релација Крф–Нирнберг бил пресретнат од хрватски и придружуван од германски борбени авиони, откако емитувал меѓународен сигнал за киднапирање. Авионот безбедно слетал, а полицијата по проверката соопштила дека нема опасност. Причината за активирањето на сигналот се истражува.

Според хрватското Министерство за одбрана, авионот, регистриран во Малта, го емитувал транспондерскиот код 7500, кој означува киднапирање или нелегално преземање на контролата врз воздухоплов. НАТО наредил итно пресретнување поради можната безбедносна закана.

Хрватски „Рафал“ го пресретнал патничкиот „Боинг“ во 11:02 часот над Кореница. Пилотот визуелно го идентификувал авионот, воспоставил радиоврска со екипажот и го придружувал до неговото влегување во словенечкиот воздушен простор во 11:20 часот.

Според германските медиуми и податоците за следење летови, станува збор за „Боинг 737-800“ на „Корендон ерлајнс јуроп“, на летот XR456 од Крф до Нирнберг. Хрватското Министерство официјално не го објавило бројот на летот.

На патот кон Германија авионот бил придружуван од германски „Еурофајтери“. Слетал во Нирнберг околу 12:16 часот, а поради тревогата авиосообраќајот на аеродромот привремено бил прекинат.

Германската полиција потврдила дека по активирањето на кодот пилотот не бил достапен преку радио. Меѓу можните причини што се проверуваат е дефект на комуникациската опрема во пилотската кабина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран