УТРО.мк

Подгорица со 21 затворено поглавје, Фон дер Лејен го поздрави напредокот и на Тирана

Подгорица со 21 затворено поглавје, Фон дер Лејен го поздрави напредокот и на Тирана
Vero

Црна Гора привремено затвори уште три преговарачки поглавја со Европската Унија, додека Албанија затвори едно дополнително поглавје. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го поздрави напредокот, оценувајќи го како важен чекор кон посилна и покомплетна Унија.

На меѓувладината конференција во Луксембург, Подгорица ги затвори поглавјата 17, 18 и 19, кои ги опфаќаат економската и монетарната политика, статистиката, како и социјалната политика и вработувањето. Со тоа, бројот на привремено затворени поглавја достигна 21 од вкупно 33.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ порача дека овие области претставуваат клучни столбови на европската интеграција: одговорно економско управување, креирање јавни политики врз основа на веродостојни податоци и општествен напредок.

Според Спајиќ, Владата ги завршила сите обврски од својата надлежност потребни за завршната фаза на преговорите. Тој изрази очекување дека и на останатите нивоа ќе се постигне потребниот компромис за довршување на процесот.

„Со нашите европски партнери продолжуваме одлучно до полноправно членство на Црна Гора во 2028 година“, порача Спајиќ.

Фон дер Лејен го поздрави и напредокот на Албанија, нагласувајќи дека резултатите на двете земји се плод на вложената работа и европската определба на нивните граѓани.

Затворањето на поглавјата го придвижува пристапниот процес, додека членството зависи од исполнувањето на сите услови и завршувањето на преговорите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран