УТРО.мк

Крај за готовината при достава? Грција подготвува промена за онлајн купувачите

Крај за готовината при достава? Грција подготвува промена за онлајн купувачите
Vero

Грција планира да го укине плаќањето во готово при курирска достава на производи купени преку интернет. Предлог-законот на Министерството за национална економија и финансии предвидува електронско плаќање за сите нарачки, независно од нивната вредност.

Купувачите и натаму ќе можат да платат при преземањето на пратката, но со картичка или друг електронски начин. Предвидени се и плаќање преку банкарски трансфер и електронски паричник.

Според „Катимерини“, кој ги објави информациите на 9 октомври, меѓу 30 и 40 отсто од доставените производи во Грција сè уште се плаќаат во готово. Предложената мерка затоа би донела значителни промени за потрошувачите, интернет-продавниците и курирските служби.

За курирските компании што ќе продолжат да примаат готовина се предвидува казна во двојна висина од наплатениот износ. За пратка платена со 50 евра во готово, на пример, казната би изнесувала 100 евра.

Предлогот остава простор за исклучоци за одредени категории граѓани, меѓу кои би можеле да бидат постарите лица и лицата со попреченост. Кој ќе биде опфатен ќе се утврди дополнително со министерска одлука.

Законските измени се во фаза на јавна расправа, а нивното доставување до парламентот е планирано за почетокот на ноември. Правилата би стапиле во сила по усвојувањето.

Со мерката, грчките власти сакаат да ја зголемат употребата на електронски плаќања и да ја подобрат контролата врз трансакциите во онлајн трговијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран