
Делумните и неофицијални резултати од референдумското гласање во Словенија предизвикаа спротивставени оценки од премиерот Јанез Јанша и опозицискиот лидер Роберт Голоб. Јанша ги оцени резултатите како охрабрувачки, додека Голоб порача дека тие покажуваат недоверба во владата.
Најголема поддршка добиле предлозите социјалната помош да се условува со општокорисна работа и да се одземе правото на глас на одредени странски државјани на локалните избори.
Понеизвесен бил исходот за укинување на задолжителната претплата за јавниот радиодифузен сервис. Кај измените на Законот за парламентарна истрага, по првичната предност на поддржувачите, според објавените резултати преовладале гласовите против.
Јанша изјави дека граѓаните го положиле „тестот на здравиот разум“ и најави дека владата ќе ја почитува нивната волја. Тој посочи дека мерките поддржани на консултативните референдуми ќе се спроведуваат што е можно поскоро.
Премиерот го претстави гласањето и како подготовка за претстојниот законодавен референдум за законот за развој, кој го оцени како одлучувачки за иднината на Словенија.
Голоб, пак, го протолкува отфрлањето на измените на Законот за парламентарна истрага како спротивставување на она што го нарече обид за воведување „политичка полиција“.























