УТРО.мк

„Не го прекршувајте!“: Трамп објави енергетско примирје меѓу Русија и Украина

„Не го прекршувајте!“: Трамп објави енергетско примирје меѓу Русија и Украина
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност за таков чекор, очекувајќи исто однесување од Русија, додека официјална Москва засега не го потврди договорот, пренесува „360 степени“.

„Од овој момент, во војната меѓу Русија и Украина е во сила енергетско примирје. Двете страни се согласија. Не го прекршувајте!“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.

Зеленски првично изјави дека не е запознаен со најавата, но посочи дека Украина ќе прифати примирје доколку тоа го направи и Русија.

Подоцна, во објава на социјалните мрежи, тој нагласи дека Киев ги поддржува сите вистински и сигурни формати за прекин на огнот и е подготвен да се воздржи од напади врз руската енергетска инфраструктура.

„Сметаме на иста подготвеност од Русија“, порача Зеленски. Тој додаде дека Украина и претходно предлагала чекори за намалување на тензиите, но, според него, Путин ги одбивал.

И покрај тврдењето на Трамп дека двете страни се согласиле, засега нема официјална потврда од Москва дека е постигнато енергетско примирје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран