УТРО.мк

Итно предупредување до Македонците во Саудиска Арабија

Итно предупредување до Македонците во Саудиска Арабија
Vero

Македонската амбасада во Абу Даби ги повика македонските државјани што престојуваат во Саудиска Арабија на максимална внимателност поради влошената безбедносна состојба, особено во Ријад.

Во соопштението се апелира строго да се следат упатствата на саудиската цивилна заштита и Министерството за внатрешни работи, по серијата ракетни напади и напади со беспилотни летала.

При активирање сирена или безбедносна тревога, Амбасадата препорачува веднаш да се влезе во затворен објект и да се остане подалеку од прозорци и стаклени површини. Граѓаните се повикуваат да избегнуваат јавни собири, воени објекти и погранични подрачја со Јемен, а мобилните телефони да ги одржуваат наполнети.

Амбасадата предупредува и да не се фотографираат, снимаат или споделуваат снимки од нападите, наведувајќи дека локалните власти строго казнуваат за такви објави. Сомнителни предмети и паднати остатоци, според соопштението, треба да се пријават преку апликацијата Tawakkalna.

Во однос на авиосообраќајот, се наведува дека летовите функционираат со повремени откажувања и вонредни одложувања. Патниците треба да го проверат статусот директно со авиокомпанијата пред да тргнат кон меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад.

За итна помош и асистенција, македонските државјани можат да ја контактираат Амбасадата во Абу Даби на дежурниот телефон +971 56 441 7532.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран