УТРО.мк

Нов напад врз аеродромот во Ријад: Еден загинат и најмалку 11 повредени

Нов напад врз аеродромот во Ријад: Еден загинат и најмалку 11 повредени
Vero

Пакистански државјанин загинал, а најмалку 11 лица биле повредени во напад врз меѓународниот аеродром во Ријад, соопшти Саудиската управа за цивилно воздухопловство. Одговорноста за нападот, извршен доцна синоќа, ја презедоа јеменските Хути.

Според управата, нападот предизвикал и материјална штета, чиј обем се проценува. Ова е втор напад врз аеродромот во два дена, по саботниот во кој, според објавените информации, загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 300 биле повредени.

Пријавен е и напад врз аеродромот „Крал Фахд“ во Дамам, каде што исто така била причинета штета.

Хутите соопштија дека во претходните 24 часа извршиле четири напади во Саудиска Арабија со балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала. Според нивните тврдења, покрај двата аеродрома, цели биле и гасна централа и нафтена рафинерија на државната компанија „Арамко“.

Групата се закани дека ќе продолжи да ги напаѓа саудиските аеродроми и воздушниот простор, со исклучок на Мека и Медина.

Хутите истовремено тврдат дека Саудиска Арабија извршила повеќе од 120 воздушни напади врз Сана и други јеменски провинции во истиот период. ДПА нагласува дека овие тврдења не можат независно да се потврдат.

Турција, Египет, Пакистан и Саудиска Арабија во заедничко соопштение ги осудија нападите, оценувајќи ги како нарушување на саудискиот суверенитет и територијален интегритет и како закана за цивилите и регионалната стабилност.

Новите напади доаѓаат во услови на повторно разгорување на борбите во Јемен. Примирјето од 2022 година во голема мера ги намали судирите, но не доведе до трајно мировно решение.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран