УТРО.мк

Дошол на лов со пријатели, бил пронајден мртов во скопско Ново Село

Дошол на лов со пријатели, бил пронајден мртов во скопско Ново Село
Vero

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција бил пронајден мртов во скопското село Ново Село, во општина Ѓорче Петров, каде што престојувал на лов со пријатели.

Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера, 11 октомври, во 17:40 часот.

Починатиот е идентификуван како Е.П. (69) од Грција. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.

Полициска екипа од СВР Скопје извршила увид, а ловечката пушка што ја носел починатиот била подигната за понатамошна постапка.

По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на точната причина за смртта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран