УТРО.мк

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања
Vero

Две лица биле лишени од слобода откако полицијата пронашла марихуана и ризли во паркиран автомобил на стариот пат меѓу селото Тработивиште и Делчево.

На 12 октомври во 21:05 часот, службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Исток извршиле преглед на „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки. Во возилото биле Д.К. (29) од селото Полето и У.А. (26) од селото Црник, делчевско.

Пронајдените марихуана и ризли биле одземени, а двајцата биле задржани во ОВР Делчево.

По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран