
Делови од општините Аеродром и Чучер-Сандево утре, 13 октомври, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од улицата „Тодор Чангов 28“, дел од главната улица „Тодор Чангов“ и дел од улицата „Данка Фирфова“ во населбата Лисиче, во општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има во дел од подрачјето Глуво-Бразда, во општина Чучер-Сандево. Прекинот е предвиден поради дислокација на нисконапонската мрежа за нов приклучок.
Од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе биде викенд-населбата Побожје, во близина на црквата „Пресвета Богородица“.























