
Двајца скопјани, 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., учествувале во физичка пресметка пред ноќен клуб во Центар. Нарушувањето на јавниот ред и мир било пријавено во СВР Скопје денеска во 4:30 часот.
Според полициските информации, И.С. се однесувала агресивно и кон полициските службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.























