УТРО.мк

Поради Уставниот суд пензионерите ќе земаат помали пензии?

Поради Уставниот суд пензионерите ќе земаат помали пензии?
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека Уставниот суд донел одлука со која се укинува линеарното зголемување на пензиите и дека документот веќе е потпишан од судијката Добрила Кацарска. Со тоа, пензионерите од следниот месец повеќе нема да добиваат фиксно зголемување, туку корекции според процентите утврдени во законот.

„Последните информации се дека одлуката е донесена и потпишана. Пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување, туку ќе се следи законски утврдениот процент. Тоа значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добијат помала пензија“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека постапката пред Уставниот суд е покрената против мерката што Владата ја воведе со цел да се помогне на пензионерите со најниски примања. Притоа ја критикуваше судијката Кацарска, како и, како што рече, „одредени обвинители“ кои претходно биле поврзани со случаи што ја нарушиле довербата во правосудството.

Според премиерот, одлуката е неправедна кон пензионерите, иако за државниот буџет значи помал фискален товар.

„Овие луѓе со пензии од 8.000, 9.000, 10.000 или 12.000 денари се последица на транзицијата кога малкумина се богатееја, а стопанството се уништуваше. Линеарното зголемување требаше да го намали индексот на сиромаштија и да го подигне стандардот“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека не би се изненадил доколку следна одлука на Уставниот суд биде одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

„Замислете, на пензионерите им се укинува зголемување од 1.000 денари, а можеби ќе се донесе одлука да им се зголемат платите на судиите и обвинителите кои земаат по 2.500, 3.000 или 4.000 евра. Тоа е неправда“, рече премиерот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран