Од 1 октомври започнува првичната корекција на пензиите со линеарно зголемување, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека покрај есенската корекција, следната пролет ќе следи уште едно зголемување, со што целосниот инвестициски циклус ќе донесе вкупно покачување од 7.000 денари по пензионер.
„Ова практично ги надминува оние 5.000 денари што беа ветувани за време на кампањата“, изјави премиерот.
Со оваа мерка, пензионерите ќе добијат значајна финансиска поддршка, која според Владата треба да го подобри нивниот животен стандард.