УТРО.мк

Божиновска: Македонскиот рубин ќе стане амбасадор на земјата

Божиновска: Македонскиот рубин ќе стане амбасадор на земјата
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Националната комора на занаетчиите, на која доби поддршка за институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во Европа.

Занаетчиите ја истакнаа важноста од заштитата на овој природен ресурс, уверени дека тоа ќе им даде нова енергија во нивната работа и ќе овозможи создавање уникатни дела што ќе ја претставуваат Македонија на меѓународно ниво.

Во знак на благодарност, Божиновска доби подарок – „Македонски клуч“, рачно изработено дело со минерали од домашната почва, дизајнирано од Соња Вељанова. Симболот претставува доверба, отвореност и иднина во која занаетчиството и националното наследство се спојуваат.

„Ќе направиме сè македонскиот рубин да стане вистински амбасадор на земјата и пример како традицијата и природата се претвораат во сила за иднината“, изјави Божиновска.

Занаетчиите доставија и барање за поддршка во однос на нова категорија на електрична енергија, со пониски трошоци кои би овозможиле полесно работење и поголема конкурентност.

Божиновска нагласи дека институциите ќе работат заедно со занаетчиите на зачувување на автентичноста, поддршка на творештвото и националното богатство, со цел идните генерации да ја продолжат традицијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран