УТРО.мк

Паника на пазарите: Златото падна најмногу во последните 10 години – инвеститорите во шок!

Паника на пазарите: Златото падна најмногу во последните 10 години – инвеститорите во шок!
Vero

Цената на златото доживеа најголем пад во изминатата деценија – повеќе од 5% за само еден ден, што е најдлабок пад од април 2013 година. Денеска следуваше благо опоравување од околу 0,4%, со цена од 4.141 долар за унца.

Според CNN, падот е резултат на масовно повлекување на профитите по долг раст, како и на оптимизмот пред новите трговски преговори меѓу САД и Кина, каде се очекува средба меѓу Си Џинпинг и Доналд Трамп.

Златото, кое годинава порасна за над 50% и ги надмина сите претходни кризи, сега ја чувствува слабоста по завршувањето на индискиот фестивал Дивали и намалената побарувачка.

Покрај златото, силен пад бележат и другите племенити метали – среброто за 7%, а платината за 5%.

Инвеститорите внимателно го следат развојот на односите меѓу Вашингтон и Пекинг, очекувајќи ги следните потези на големите сили и централните банки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран