Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од ноќеска се менува само цената на дизел-горивото, додека бензините остануваат на исто ниво.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари по литар, па новата цена ќе изнесува 70,50 ден/лит.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и остануваат исти како во одлуката од 24 ноември. Така, БС-95 и понатаму чини 75,00 ден/лит, додека БС-98 останува на 77,00 ден/лит.
РКЕ потврди дека корекцијата е направена согласно методологијата за пресметка на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати.























