Силните снежни врнежи што ја зафатија Србија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот речиси целосно запре, а патот кон Дивчибаре остана затрупан и нерасчистен, со заглавени возила во снежни наноси.
РХМЗ издаде предупредувања за снег, поледица и опасни услови, особено во Хомоље и источните и југоисточните планински региони, каде дождот се замрзнува на тлото. Во југозападна Србија се очекува дополнително зголемување на снежната покривка.
На Златибор повторно има силни врнежи, а сообраќајот се одвива отежнато. Забраната за камиони е повторно воведена, а екипите работат на расчистување на патиштата.
Снег врнеше цела ноќ, а најавите се дека ќе продолжи. Во Белград вечерта се очекуваат врнежи од дожд и снег, со дополнителни предупредувања за опасни услови на патиштата.




![Поплави и обилни дождови во Благоевград [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/589012117_1253735350115908_3153140815711025460_n-1000x600.jpg&w=640&q=75&we)










![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=256&q=75&we)







