Во текот на 2024 година, Македонија извезла електрична енергија во вкупна вредност од 185,4 милиони евра, што претставува пад од 21,3% во однос на 2023 година, кога извозот достигна 235,5 милиони евра.
Најголем дел од електричната енергија во 2024 година бил извезен во Бугарија – дури 56 милиони евра, што претставува тројно зголемување во споредба со претходната година. Потоа следуваат:
Србија со 43 милиони евра,
Грција со 38 милиони евра,
Косово со 23 милиони евра,
Швајцарија со 13,4 милиони евра.
Од друга страна, увозот на електрична енергија значително пораснал. Вкупната вредност на увезената струја во 2024 изнесува 260 милиони евра, што е зголемување од 21,5% во однос на 2023 година, кога изнесуваше 214 милиони евра.
Најмногу струја сме увезле повторно од Бугарија – 120 милиони евра, што ја позиционира како клучен партнер и на извозната и на увозната листа. Понатаму следуваат:
Србија со 52 милиони евра,
Грција со 29,4 милиони евра,
Унгарија со 22,4 милиони евра,
Косово со 15,4 милиони евра,
Швајцарија со 10 милиони евра.
Овие податоци укажуваат на зголемена зависност од увоз на електрична енергија и потенцираат потреба од стабилна и одржлива домашна енергетска стратегија.