УТРО.мк

Макпетрол најголем добитник, Алкалоид во благо црвено – промет 8,7 млн. денари

Макпетрол најголем добитник, Алкалоид во благо црвено – промет 8,7 млн. денари
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

Македонската берза на 27 јуни 2025 година оствари вкупен промет од 8 701 643 денари, при што активноста се концентрираше кај банкарскиот, енергетскиот и телекомуникацискиот сектор. Индексот МБИ 10 порасна за 0,80 % и се искачи на 10 600,01 поени, додека ОМБ остана непроменет на 126,71 поени.

Најтргувани акции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 2 834 060 денари

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – 1 654 840 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 1 175 164 денари 

Најголеми добитници

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – +2,98 %

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – +1,26 %

Најголеми губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – –0,12 %

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – –0,01 %

Обврзнички пазар

И покрај обемната листа на државни и корпоративни обврзници, денес не беа реализирани трансакции во обврзничкиот сегмент, што го остави индексот ОМБстабилен на 126,71 поени.

Берзанскиот ден на 27 јуни 2025 година беше умерено ликвиден, со фокус на Комерцијална банка, МакедонскиТелеком и Макпетрол, кои заедно учествуваа со над половина од вкупниот промет. Благодарение на добивката кај Макпетрол и, МБИ 10 се искачи на ново годишно ниво од 10 600 поени.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран