УТРО.мк

Координација и зајакнување на институционалните капацитети во енергетскиот сектор

Координација и зајакнување на институционалните капацитети во енергетскиот сектор
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот завод на Република Македонија.

На состанокот беа разгледани тековните активности и приоритети на институциите, со акцент на кадровското зајакнување, дигитализацијата на процесите и подобрувањето на ефикасноста во работењето.

Се разговараше и за иницијативата за заштита на македонскиот рубин како национално богатство, активностите за задолжителните нафтени резерви, како и за повторното ставање во функција на продуктоводот Скопје – Солун.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран