УТРО.мк

Еве кои работници се бараат најмногу во Македонија

Еве кои работници се бараат најмногу во Македонија
Vero

Во првото тримесечје од годинава стапката на слободни работни места изнесува 2,07 проценти, при што најголем број отворени позиции – 2.346 – се регистрирани во петтата група занимања, односно работници во услужни дејности и продажба, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците, највисока регионална стапка на слободни работни места има Вардарскиот Регион, каде таа изнесува 2,28 проценти.

Во однос на секторите, највисока стапка е забележана во секторот Сместување и послужување храна, каде изнесува 4,94 проценти, додека најниска стапка од 0,15 проценти е евидентирана во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Анализата покажува и дека деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3,05 проценти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран