
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година.
РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата.
Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит. За половина денар поскапува дизел горивото. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 ден/кг и сега ќе изнесува 46,223 ден/кг.
Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

















