Европските берзи денес бележат пораст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се во пад, во пресрет на одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки, што ќе биде објавена вечерва. Аналитичарите очекуваат намалување од 25 базични поени.
Франкфуртскиот DAX порасна за 0,47%, парискиот CAC 40 за 0,12%, а лондонскиот FTSE 100 за 0,25%. Од друга страна, американските индекси Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq се во благо минус.
Нафтата Брент се тргува по 68,3 долари за барел, суровата нафта по 64,3 долари, златото падна на 3.669 долари за унца, а пченицата на 5,31 долари за бушел. Цената на еврото изнесува 1,1843 долари, што е намалување од 0,24%.