УТРО.мк

Ова се најслабите бројки досега – нови проблеми за Трамп

Ова се најслабите бројки досега – нови проблеми за Трамп
Vero

Поддршката за Трамп во вториот мандат падна на рекордно ниско ниво

Рејтингот на одобрување на претседателот на САД, Доналд Трамп, во неговиот втор мандат падна на најниско ниво, покажува најновата анкета на „Економист“ и YouGov.

Според истражувањето спроведено од 12. до 15. септември на 1.567 возрасни Американци, само 39% го поддржуваат, додека 57% не го поддржуваат, што се најниски и највисоки вредности во вториот мандат на Трамп.

Падот на поддршката е особено забележлив кај независните гласачи и Хиспанците, а се поврзува со негативни оценки за економијата, инфлацијата, имиграцијата, криминалот и оружјето.

„Ова се најслабите бројки во вториот мандат на Трамп“, истакна портпаролот на YouGov, Ален Хјустон.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран