Уставниот суд денеска не покрена постапка против правилникот на Државната изборна комисија (ДИК), со кој се овозможува независни кандидати за градоначалници и советнички листи да се пријават со најмалку два потписи од граѓаните.
Од Судот појаснуваат дека не се прифатени наводите на подносителите – Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од Тодор Петров и Стевче Стојанов – кои тврдеа дека со донесувањето на правилникот ДИК се ставила во улога на законодавец.
Со ова, правилникот е оценет како во согласност со Уставот и Изборниот законик. ДИК го донесе правилникот за да ја пополни правната празнина откако Уставниот суд го укина членот од законот кој предвидуваше праг од 1 отсто за собрани потписи, а Собранието не успеа да донесе нова норма.
Независните кандидати, според оваа одлука, можат слободно да учествуваат на претстојните локални избори.