УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: Стабилноста на денарот е темел на економскиот раст и подобар животен стандард

Димитриеска Кочоска: Стабилноста на денарот е темел на економскиот раст и подобар животен стандард
Vero

Денеска се одбележуваат 34 години од монетарната самостојност и постоењето на македонскиот денар, валута која, како што истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, успешно се справувала со бројни предизвици и се изградила во стабилна и сигурна.

Таа нагласи дека зачувувањето на стабилноста и довербата во денарот претставува врвен приоритет, бидејќи токму тоа е основа за обезбедување на севкупната економска стабилност во државата.

„Македонскиот денар е симбол на нашата економска самостојност и важен столб на финансискиот систем. Неговата стабилност значи сигурност за граѓаните и бизнисите“, посочи Димитриеска Кочоска.

Министерката додаде дека Министерството за финансии останува силно посветено на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како предуслов за повисок економски раст, зголемени инвестиции и подобрување на животниот стандард.

Според неа, преку внимателни економски политики и одговорно управување со јавните финансии, ќе се продолжи со зајакнување на економијата и обезбедување стабилна иднина за граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран