УТРО.мк

(ВИДЕО) Турција органиџираше отоманска воена парада во Призрен: турски војници маршираа низ градот

(ВИДЕО) Турција органиџираше отоманска воена парада во Призрен: турски војници маршираа низ градот
Vero

Во градот Призрен се одржа необичен настан кој предизвика внимание на социјалните мрежи, откако беше организирана изведба инспирирана од отоманскиот период.


Според објавеното видео, турски војници учествувале во церемонијален марш низ градот, предводејќи ја традиционалната „Мехтер“ музика – позната како воен оркестар од времето на Отоманската империја.


Настанот привлече голем број граѓани и посетители, кои го следеа маршот низ улиците на градот, додека дел од нив го снимаа и споделуваа на социјалните мрежи.
Засега нема официјални детали за тоа во чија организација точно се одржал настанот и дали станува збор за културна манифестација или дел од поширока програма за соработка.


Видеото предизвика различни реакции во јавноста – од интерес за историската традиција, до дебати за симболиката на ваквите настани во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран