УТРО.мк

Макрон во Атина: Франција ќе реагира ако Турција ѝ се закани на Грција

Макрон во Атина: Франција ќе реагира ако Турција ѝ се закани на Грција
Vero

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на Атина порача дека Франција ќе реагира доколку Грција биде соочена со каква било закана за нејзиниот суверенитет, нагласувајќи дека Париз останува цврст сојузник на грчката држава.

Макрон истакна дека Франција „ќе биде присутна во секој критичен момент“ и дека безбедноста и територијалниот интегритет на Грција се неповредливи, пренесе грчката државна телевизија ЕРТ.

Пораката беше испратена во контекст на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, при што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оцени дека соработката со Франција има клучно значење за европската безбедност и автономија.

За време на свечена вечера во Претседателската палата во Атина, на која присуствуваше и грчкиот претседател Константинос Тасулас, Макрон нагласи дека односите меѓу Франција и Грција претставуваат стабилен столб во услови на глобални и регионални предизвици.

Во рамки на посетата, Макрон и Мицотакис ја посетија и фрегатата „Кимон“ во Пиреја, а денес се очекуваат средби во Вила Максимос, како и потпишување на билатерални договори и заеднички обраќања пред медиумите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран