УТРО.мк

ФОТО – Брутален руски напад врз Украина: Лансирани 660 дронови и ракети, расте бројот на загинати

ФОТО – Брутален руски напад врз Украина: Лансирани 660 дронови и ракети, расте бројот на загинати
Vero

Во масовен напад со околу 660 дронови и ракети, руските сили погодија повеќе цели во Украина, при што најтешко е погоден градот Днипро, соопштија локалните власти.

Регионалниот гувернер Олександар Хања информираше дека од урната станбена зграда досега се извлечени две безживотни тела. Според првичните информации, се стравува дека уште пет лица би можеле да бидат затрупани под урнатините.

Во нападот се повредени најмалку 21 лице, кои се пренесени во болници и добиваат медицинска помош. Спасувачките екипи продолжуваат со потрага по исчезнатите и расчистување на остатоците од уништените објекти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран