УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: Позитивните економски сигнали од ЕК го потврдуваат забрзаното закрепнување

Димитриеска – Кочоска: Позитивните економски сигнали од ЕК го потврдуваат забрзаното закрепнување
Vero

Есенските економски проекции на Европската комисија покажуваат дека македонската економија се движи во стабилна и позитивна насока. Според извештајот, проекцијата за раст е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, претставува јасна потврда за издржливоста и довербата во економските политики на Владата.

Во првата половина од годинава растот на БДП го надмина очекуваното ниво, поддржан од повисоки инвестиции, засилена приватна потрошувачка и подобрени извозни резултати. Инвестициите во инфраструктурата и приватниот сектор, според министерката, ќе останат клучни двигатели на растот и во следните години.

Стабилизацијата на инфлацијата дополнително ја зајакнува економската предвидливост, а реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и имплементацијата на реформите од Планот за раст на ЕУ се очекува да придонесат за уште побрзо економско забрзување.

„Овие позитивни сигнали од Европската комисија се силен поттик да продолжиме со одговорни политики што ја зајакнуваат економијата и го подобруваат животниот стандард,“ истакна Димитриеска – Кочоска, додавајќи дека Министерството за финансии останува фокусирано на стабилни јавни финансии, насочени инвестиции и реформи кои го поддржуваат одржливиот развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран