УТРО.мк

Николоски на Виенскиот економски форум: На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка

Николоски на Виенскиот економски форум: На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка
Vero

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена и развој на бизнисите, што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум.

„Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас“, рече Николоски, додавајќи дека перцепцијата за придобивките од членството во ЕУ е сè уште голема, но неизвесноста на Македонија кон приклучување ја покажува важноста на економската соработка за стабилизација и соработка меѓу државите.

„Мислам дека никој не веруваше дека во 21-от век ќе има војна на европско тло и мислам дека таа перцепција дека само позитивни работи ќе се случуваат во Европа, дека ќе има постојан економски раст, дека ќе зборуваме само за прашања поврзани со храна, остави простор за Европската Унија да биде релаксирана… Она што се случи во 2021 година е аларм за сите нас… Повторно зборуваме нуклеарни проби, ракетни системи, за радари, дронови, анти-дронови, зборуваме за војна, за милиони изгубени животи досега…“, рече Николоски.

Според него, најслабиот дел на европскиот континент не се Грузија или Молдавија, туку Западен Балкан. „И затоа сметам дека фокусот е многу важен – јасен фокус и јасна визија. Она што ме плаши… е дека ќе се разбудиме во 2029 година, ако не’ поканите и сè уште ќе зборуваме за проширувањето… Но прашање е дали тоа ќе биде засекогаш и затоа треба да бидеме мудри и храбри, но и да зборуваме отворено и директно… Подобро е на луѓето да им се каже вистината отколку да им даваме лажни ветувања или подгреваат очекувања кои нема да се остварат“, додаде тој.

Николоски нагласи дека економската соработка е суштината на приоритетот во регионот. „Може да видиме голем број на луѓе кои го напуштаат регионот… Затоа мислам дека е важно да се фокусираме на економијата. Австрија игра огромна улога во регионот, многу австриски компании се присутни и работат добро, добредојдени се… Тоа е најдоброто што можеме да го направиме заедно – да носиме повеќе инвестиции, да имаме поголема размена, повеќе бизниси, што ќе придонесе кон други работи – демократија, просперитет, владеење на право и заедничка соработка меѓу нас“, рече Николоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран