УТРО.мк

МВР: 10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за 15 дена

МВР: 10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за 15 дена
Vero

Во периодот од 1 до 16 ноември 2025 година, полициските службеници низ целата земја извршија редовни сообраќајни контроли, при што се регистрирани вкупно 10.210 прекршоци. Од нив, 2.983 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Лишени од слобода биле 55 лица за безобзирно управување на возило според член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 37 возеле под дејство на алкохол, еден возел во забранет правец, 11 ја надминале дозволената брзина во населено место, а шест надвор од населено место.

Покрај тоа, од почетокот на месец ноември евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, 1.039 за управување возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, 282 пешаци, четири возачи на електрични тротинети, како и 546 учесници кои не користеле сигурносен појас. Дополнително, 252 возила биле отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, 55 поради техничка неисправност, а 52 возачи добиле казни за затемнети стакла.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се намали бројот на несреќи и да се обезбедат побезбедни патишта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран