Државите кои се членки на Меѓународната Рамковна конвенција за контрола на тутунот (FCTC), вкупно 198, од понеделник водат разговори во Женева за глобално намалување на штетата од никотин и тутун.
Меѓу предлозите што ќе се разгледуваат е и стручен извештај кој, меѓу другите мерки, предлага забрана на филтрите за цигари и на ароми за електронски цигари.
Светската здравствена организација (СЗО) ја обвинува тутунската индустрија дека се обидува да привлече деца, особено со вкусови како желе бомбони и шеќерна волна.
СЗО ги предупредува сите земји учесници на обиди за лобирање од индустријата и ги повикува нивните делегации да не толерираат присуство на лобисти од индустријата.
„Мораме да бидеме свесни за мешањето на индустријата во дебатите“, предупреди Етиен Круг, директор на одделот на СЗО што ги следи прашањата поврзани со тутунот.
Тој додаде дека СЗО би ја поздравила забраната на филтрите, но дека тоа не смее да ја одвлече вниманието од одначувањето на тутунот, што би имало значително поголем ефект врз намалување на потрошувачката.
Стручњаците нагласуваат дека филтрите го зголемуваат атрактивноста на цигарите, но малку придонесуваат за намалување на штетниот ефект. Тие ги тераат пушачите да вдишуваат подлабоко, внесувајќи токсини во белите дробови, додека истовремено ja загадуваат и околината кога неправилно се фрлаат.























