УТРО.мк

Божиновска: Соларната енергија е клуч за одржлива иднина и енергетска независност

Божиновска: Соларната енергија е клуч за одржлива иднина и енергетска независност
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја отвори 4-та Годишна Соларна Конференција, настан кој ги обединува компании, институции и меѓународни партнери околу заедничката цел – одржлива иднина и енергетска независност преку сончевата енергија.

Божиновска истакна дека Министерството работи посветено на клучни реформи и стратегии за енергетска транзиција, меѓу кои: нов Закон за обновливи извори на енергија – прв од ваков тип во земјата, годишен план за развој на енергетскиот систем, Грид Мастер План за стабилна и модерна мрежа, воведување на обврска за складирање на енергија со батериски системи, како и поддршка за инвестиции и јасни правила за пазарот.

„Сакаме да изградиме модерен, паметен и дигитализиран енергетски систем кој ќе обезбеди стабилност, сигурност и чиста енергија за идните генерации. Оваа трансформација е можно само ако државата и компаниите работат заедно – со одговорни инвестиции, квалитетни технологии и зелена визија“, нагласи министерката Божиновска.

Таа додаде дека соларната енергија претставува основа за долгорочна енергетска независност и зелен раст на земјата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран