Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари конструктивна средба со Редон Беголи, виш специјалист за енергетика при Светска банка, на која се разговараше за зајакнување на соработката и заеднички активности за поголема енергетска сигурност, ефикасност и одржливост.

Во фокусот на средбата беа идните проекти кои Македонија ќе ги презентира на претстојното Годишно собрание на Светска банка во Вашингтон, вклучувајќи ја и изградбата на гасна интерконекција со Србија, како значаен чекор за регионално поврзување и стабилност на снабдувањето со енергенси.

Божиновска истакна дека Светска банка е клучен партнер и во финализирањето на методологијата за утврдување на енергетската сиромаштија, како и во подготовката на нови програми и политики за унапредување на енергетската ефикасност во земјата.