
Инцидент се случил во бугарскиот ски-центар Банско каде група израелски туристи биле физички нападнати на ски-патеки. Според информациите, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица, а на терен интервенирало обезбедување и други присутни скијачи.
Причините за инцидентот засега не се официјално потврдени, но според првичните наводи, туристите биле нападнати поради нивната националност. Нема официјални податоци за степенот на повредите, додека бугарските власти започнале истрага за случајот.























