
Локалните медиуми објавуваат нови видеа од експлозиите што го погодија Дубаи, при што ударите се регистрирани во близина на областа околу Бурџ Калифа и луксузните туристички зони.
На снимките се гледаат огнени јазици и густ чад кој се издига меѓу висококатниците, додека граѓаните панично го напуштаат местото на настанот. Според првичните информации, проектил погодил престижна зона со хотели и станбени објекти, при што во еден од објектите избувнал пожар.
На терен интервенирале противпожарни екипи и служби за итни случаи, а дел од сообраќајот во централните делови на градот бил привремено пренасочен.
Засега нема официјални податоци за евентуални жртви, додека властите спроведуваат безбедносни мерки и истрага за инцидентот.























