
Два одвоени случаи на возење со активна забрана за управување со моторно возило биле откриени на подрачјето на Тетовско, при што полицијата ги лишила од слобода двајцата возачи и им ги одзела возилата.
На 27 февруари 2026 година во 17:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А. (23) од село Чегране.
При контрола било сопренo патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, при што било утврдено дека лицето управувало со возилото иако имало активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Истата вечер, во 20:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.И. (51) од Тетово.
Тој управувал патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски таблици, и покрај тоа што имал активна забрана за управување со возило од Б категорија.
И во овој случај возилото било одземено, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















