
Ирански дрон го погоди Меѓународниот аеродром во Кувајт, при што е причинета голема материјална штета на Терминал 1, соопштија кувајтските власти.
Веднаш по инцидентот биле активирани итните процедури, а аеродромските операции се реорганизираат. Според официјалните информации, ситуацијата е ставена под контрола.
Кувајт остро го осуди нападот, оценувајќи го како кршење на суверенитетот, и ја обвини Иран дека напаѓа повеќе земји во регионот во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Засега нема информации за загубени животи поголеми штети или прекин на воздушниот сообраќај, но безбедносните мерки се засилени.























