
Во Техеран се слушале извици и славење на улиците по појавата на информации дека иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи можеби е убиен во израелски напад, пренесуваат очевидци.
Според извештаите, дел од граѓаните излегле од домовите и реагирале со аплаузи и радосни повици, додека во исто време во други делови од градот владеела неизвесност и паника по серијата експлозии што го погодија главниот град.
Израелски извори тврдат дека постојат „индикации“ дека Хамнеи е ликвидиран, но засега нема официјална потврда ниту објавени докази. Иранските власти ги негираат ваквите тврдења и велат дека лидерот е „жив и безбеден“.
Нападите, според првичните информации, биле насочени кон објекти поврзани со иранското раководство во центарот на Техеран, при што се видени облаци од чад и е предизвикан масовен страв меѓу населението.
Ситуацијата останува нејасна, со спротивставени информации од различни страни, додека регионот е во состојба на највисока безбедносна готовност.























