УТРО.мк

На 71 годишна возраст почина проф. д-р Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска

На 71 годишна возраст почина проф. д-р Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска
Vero

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина проф. д-р Владо Јаневски, истакнат хирург и сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.


Јаневски важеше за еден од препознатливите медицински професионалци во земјава, со долгогодишна кариера во хирургијата и силен ангажман во едукацијата на млади лекари. Низ годините обучил бројни генерации доктори кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во други здравствени установи.


Колегите го опишуваат како строг, но правичен ментор, човек со висок професионален интегритет и посветеност кон пациентите и медицинската наука.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран