
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание на подрачјето на скопската општина Карпош, по што итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 27 февруари околу 14 часот, а според информациите, кај девојката биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со неа бил и 18-годишен скопјанец со иницијали П.С., а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои малолетничката се нашла во таква состојба.























